Кога сакате да изгледа послабо, облечете се вака: Драгана Катиќ во единствениот фустан што ви треба од пролет до зима

Вистина е дека има кроеви кои визуелно не‘ прават да изгледаме послаби, а водителката на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“, Драгана има добитна комбинација

Познатата водителка Драгана Катиќ е една од оние жени кои направија сигурни чекори напред во текот на целиот свој живот. Сама ги одгледала своите синови и тоа не ја спречило да изгради сериозна кариера без скандали.

Целиот живот го посветила на телевизијата и одгледувањето на близнаците кои и биле движечка сила.

Животот пред објективот на фотоапаратот честопати бараше од неа да изгледа одлично во секое време, а како и секоја жена посегнуваше по разни трикови за да го скрие уморот, но и некој килограм вишок.

Сепак, Драгана во последните неколку години има совршена линија на која би можеле да и позавидат многу помлади колешки.

Таа стана модна инспирација за многу средовечни жени, бидејќи секогаш е облечена според возраста. А неодамна на социјалните мрежи сподели прекрасна фотографија во цветен макси фустан кој одлично ја истакна нејзината половина и ја правеше да изгледа одлично.


Фустаните исечени на половината, а особено долгите, се одличен избор доколку сакаме визуелно да ја издолжиме линијата и да изгледаме за неколку килограми послаби.

Овој фустан е еден од оние што може да се носи во сите прилики, но и во текот на сите сезони. Со совршен крој и боја, совршено се вклопува со речиси секоја обувка, но најдобар ефект се постигнува со чевли со високи потпетици или сандали.

Доколку и вие сакате да бидете елегантни, префинети и истовремено да зрачите со сериозност, облечете ваков фустан и сигурни сме дека нема да погрешите.


Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot