Ќерката на Хит Леџер имаше само 2 години кога тој почина, сега има 17: Идентичното лице како нејзиниот татко шокира

Фото: Profimedia

Хит Леџер беше една од најталентираните ѕвезди на Холивуд, актер кој пленеше со насмевка и кој го красеше посебна, шармантна енергија на која ретко кој можеше да ѝ одолее. За жал, тој нè напушти прерано - имаше само 29 години кога почина во 2008-ма година од погрешна и како што се покажа фатална комбинација на лекови.

Леџер зад себе ги остави ќерката Матилда и сопругата Мишел Вилијамс со која беше на пауза во моментот на смртта, но секако ги спојуваше голема љубов. Матилда тогаш имаше само две години, а ова девојче порасна во тинејџерка која неодоливо личи на нејзиниот татко.

Денеска има 17 години и сега одвреме-навреме можеме да ја видиме на папарацо фотографии, што не беше случај во претходните години, со оглед на тоа што Мишел беше исклучително заштитнички настроена кон својата ќерка и се обидуваше да ја држи подалеку од очите на јавноста и центарот на вниманието со години.


Фотографиите покажуваат колку всушност Матилда личи на својот татко - ја има истата коса во боја на песок и силни црти, иако наследила и некои од карактеристиките на нејзината мајка. Нејзиниот дедо Ким, таткото на Хит, за „The Project“ изјави дека таа и по карактер наликува на нејзиниот славен татко.

„Наследила огромен број негови карактеристики. Таа е многу љубопитна, ја има неговата енергија, Хит спиел многу малку од неговата двегодишна возраст, а исто така и Матилда. Таа ја има истата топка на енергија и ја зрачи истата аура што ја зрачеше Хит, и тој беше некако таков. Значи, навистина тоа е фантастично“, истакна тој.

Матилда во март 2022 година, фото:Profimedia

Инаку, извор близок до семејството еднаш нагласи колку Мишел се трудела да го одржи Хит во живот во очите на нивната ќерка.

„Таа знае колку ја сакаше Хит. Секогаш е полна со прашања, сака да знае сè за нејзиниот татко. Да не зборуваме колку неговото семејство ја сака и секогаш има отворена врата за неа", додал изворот, откривајќи дека Матилда е гениј во шах, исто како што беше Леџер.

Извор: zena.blic.rs