Канје Вест тврди дека ја фатил на дело Ким Кардашијан како го изневерува со познатата НБА ѕвезда (ФОТО)

Никогаш не знаеш што да очекуваш со Канје Вест, сега отиде чекор подалеку во обелоденувањето на нивните валкани алишта и јавно ја обвини мајката на неговите четири деца за прељуба.

Раперот и дизајнер Канје Вест е познат по своите контроверзни и непримерни изјави, особено на социјалните мрежи. Поради ова, Твитер малку по малку му го затвора профилот, но Канје секогаш има нешто бомбастично да објави.

Канје синоќа јавно обвини голема НБА ѕвезда дека имал афера со неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан.

Се работи за Крис Пол, шпицот на Феникс Санс.

View this post on Instagram

A post shared by Chris Paul (@cp3)


- Ова обвинение дојде истиот ден кога Канје беше трендинг на Твитер за неговото долго интервју со Алекс Џонс, во кое го пофали Адолф Хитлер и правеше антисемитски шеги, а исто така зборуваше и за неговата неодамнешна средба со поранешниот претседател Доналд Трамп.

Интервјуто стана една од најжешките приказни на интернет во четвртокот, доминирајќи во дискусиите на социјалните мрежи со часови. Хаштагот „Kanye“ беше во тренд на Twitter и Google Trends.

Канје, кога ќе ги добие своите пет минути слава на Интернет, често е познат по тоа што објавува голем број објави по ред на Твитер, со широк спектар на содржини. Па веднаш потоа со еден твит ја крена Америка на нозе. Секако тоа се однесува на твитот во кој ја обвини ѕвездата на Феникс дека имал афера со неговата бивша сопруга, старлетата Ким.

Засега ниту Крис ниту Ким не зборувале на оваа тема, па останува да почекаме да видиме дали ќе кажат нешто. Од друга страна, не се сомневаме дека Канје ќе има уште да додаде.

извор:GLOSSY