Како се облекуваат жените во најсреќната земја во Европа: Нема да верувате што им е омилено (ФОТО)

Модата е се поважна во Данска, а жените сакаат тивок луксуз и неутрални бои. Патиките се омилени обувки.

Додека Милано, Париз и Лондон се натпреваруваат за титулата европска престолнина на модата, Копенхаген одамна победи на многу поважна трка.

Главниот град на Данска е и „главен град на среќата“ бидејќи магичната скандинавска земја е на врвот на светската листа - од година во година, Данците се меѓу трите најсреќни народи.


Велат дека тоа е резултат на добрата рамнотежа помеѓу работата и другите аспекти од животот, а многумина тврдат дека тоа се одразува и во модата која владее на градските улици.

View this post on Instagram

A post shared by y.a. (@ya_______i)



Жените во Копенхаген секогаш даваат приоритет на удобноста, а бидејќи минимализмот ја презеде модата, данскиот стил е меѓу најомилените во светот. Новиот тренд, познат како „тивок луксуз“, има многу врска и со начинот на облекување во Данска.


Боите се главно неутрални - со црната никогаш не можете да погрешите, сивата е повеќе од добредојдена, а ако сте навистина авантуристи, одете на - кафена или тегет! За да не биде сè темно и мрачно, применливи се и други неутрални нијанси - бојата на црвено вино, шампањско, маслинеста...


Данките се подготвени да вложат многу во клучните парчиња - јакните, чевлите и чантите мора да бидат квалитетни, но затоа се очекува да траат долго. Тие не бегаат од пазарење во продавниците на „секнд хенд“, но и разменуваат гардероби меѓу себе.


Многу често модните комбинации се слоевити, бидејќи времето знае да измами. Удобноста им е особено важна за да можат да поминуваат многу време надвор, како и лесно да се движат или да возат велосипед.

Затоа жените во Данска ќе се одлучат да носат високи потпетици само во ретки прилики. Патиките се општо прифатен избор, а борбата за рамнотежа во вртоглави салонки, како што често ги гледаме на улиците кај нас и посебно на Балканот, таму би била чиста егзотика. 

Погледнете повеќе примери за моден „тивок луксуз“ и неутрални модни комбинации во галеријата со слики.













ФОТО: Инстаграм/Пинтрест принтскрин