Избор на најдобри трговци за 2023 година: ЈК ТРАВЕЛ со награда

“E-commerce Awards” (Награди во е-трговијата) е годишна иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM за препознавање на најдобрите во македонската е-трговија.

Изборот за најдобрите во е-трговијата има за цел од една страна да ги препознае и награди најдобрите, да придонесе за промоција на е-трговијата и за подигнување на свеста за нејзиниот потенцијал, а од друга страна да придонесе за зајакнување на конкурентноста во овој сектор и за мотивирање на е-трговците за унапредување на нивното работење.

Покрај многуте категории, во категоријата е-продавница за туристички услуги, наградата ја доби реномираната туристика агенција ЈК ТРАВЕЛ. Од таму додаваат:

Ова признание е доказ за нашата посветеност на совршеност и иновативност во обезбедувањето незаборавни искуства од патувањата со нас.
Оваа награда, е потврда за нашата посветеност на искористување на технологијата од новата ера, за да се задоволат потребите на нашите клиенти, подобрувајќи го нивното патување од планирањето до пристигнувањето.
Оваа награда за ЈК ТРАВЕЛ  не е само пресвртница, туку мотивација да продолжиме да поставуваме стандарди во индустријата, каде имаме повеќе години водечка позиција.
Нашата срдечна благодарност оди до организаторите што ги признаа нашите напори да го револуционизираме начинот на букирање на патувањата.
Благодарност за нашите лојални клиенти и за нашиот посветен тим што го овозможија ова патување на успехот на ЈК ТРАВЕЛ.
За повеќе авантури заедно!

Пр текст