Идеален за секоја жена, може да се носи со потпетици или патики: Фустанот на Нина Бадриќ е сѐ што ви треба за да бидете забележани

Фустанот е парче од шпански бренд што дамите го обожаваат

Пејачката Нина Бадриќ е една од најбараните пејачки во регионот, а освен со гласот вниманието го привлекува и со модните комбинации.

Нејзиниот стил би можеле да го опишеме како женствен, шик и префинет, а Нина секогаш ги инспирира девојките и жените со своите комбинации на облека да создаваат непогрешливи стилови со монохроматски класични парчиња.

Нина е многу активна на социјалните мрежи, па често не‘ воодушевува со некој нов стајлинг и служи како вечна мотивација дека „помалку е секогаш повеќе“ и да се држиме до едноставноста во стилот.

Таа деновиве е на летен одмор и овој период од годината го користи за полнење на батериите, па секојдневно ги израдува своите следбеници со некој нов стајлинг.

Овој пат пејачката испрати „летна разгледница“ од Котор и не‘ воодушеви со миди фустан со принт од популарен шпански бренд кој дамите го обожаваат.

Станува збор за нијанса помеѓу црвена и портокалова, со бели детали во форма на квадрат.


Фустанот има V-деколте и долги ракави со еластични рабови. Она што го прави впечатлив се исечоците во пределот на стомакот.


Овој модел на фустан е она што го прави привлечен, а е идеален за сите типови на тело.


Фото: Инстаграм - Нина Бадриќ

Ѕирнете во станот на Нина Бадриќ на Хвар: Јасно е зошто бега таму кога и да стигне (ФОТО)