Ибрахимовиќ шокираше со признанието зошто Хелена одбила да се омажи за него кога ја запроси: „Имаше една шанса, втора нема да добие“

Иако Златан Ибрахимовиќ и неговата избраничка Хелена Сегер ја имаат една од најстабилните и најсреќните врски во светот на спортот и шоу-бизнисот, парот сѐ уште живее во вонбрачна заедница. Тие се заедно од 2002 година, а имаат два сина - Максимилијан и Винсент, но сѐ уште не стапнале на лудиот камен. И сите шанси се дека никогаш нема да го направат тоа!

Имено, познатиот фудбалер во една прилика за медиумите изјави зошто тој и Хелена не се во брак, и зошто никогаш нема да ја официјализираат својата љубов.

Златан Ибрахимовиќ неодамна гостуваше во емисијата „Piers Morgan Uncensored“ на познатиот британски водител Пирс Морган, а во ова интервју се осврна на неговата долга, плодна кариера, односите со поранешните соиграчи, големите спортски ѕвезди, детството и растењето, но и врската со сопругата Хелена, која е 11 години постара од него.

„Таа имаше своја шанса, нема да добие друга“

Имено, Морган го прашал фудбалерот зошто тој и 52-годишната русокоса никогаш не се венчале, а Златан без извртувања и во свој стил дал искрен одговор.

„Ја запросив. Таа рече НЕ. Тоа беше пред неколку години“, рече тој, а потоа додаде како ја запросил:

„Реков: „После 20 години, заслужуваш да се омажиш за мене“. Таа рече: „Не, не мора да бидам во брак со тебе за да бидам со тебе“. Таа е силна, многу силна жена.

Мислам дека тоа е кул, затоа што кога ќе се постави така, добива поголема почит од мене, затоа што не морам постојано да победувам“.

На прашањето дали повторно ќе ја запроси својата партнерка, Ибрахимовиќ брзо и јасно истакна: „Не. Имаше една шанса, друга нема да добие“.

„Но, таа доби две момчиња со мене, така што тоа е поважно од тоа да бидам во брак“, продолжи тој.

Едно време и самата Хелена во интервју за „Elle“ откри зошто не го прифатила предлогот на нејзиниот животен избраник. „Свадбата може да го наруши моето чувство за независност. Не сакам да ме етикетираат како сопруга на играч или победничка на натпреварот за убавина. Мислам дека луѓето не знаат колку студирав, работев и се борев“, истакна таа.


Сопругата на Златан Ибрахимовиќ има презгодно тело во 6-тата деценија благодарение на овој трик