И официјално-Ја гледате жената со најубаво лице на светот: Изборот е вистинско изненадување (ФОТО)

Изборите за најубавите и најатрактивни жени во светот се многу чести и разновидни, но еден од најавторитетните, но и најсеопфатните е оној што го организира TC Candler, заедница на независни критичари.

Нивниот годишен избор за 100 најубави лица во светот е препознаен насекаде низ планетата, а се разликува од вообичаените поради тоа што опфаќа повеќе од 50 земји во светот, а на неговата листа не се само холивудските ѕвезди, но и помалку познати жени.

Foto:Profimedia


За жена со најубаво лице на светот во 2022 година е избрана американската манекенка Јасмин Тукс, која осма година по ред се наоѓа на оваа листа, но ова е првпат да се најде на самиот врв.

Јасмин е најпозната како модел на брендот Викторија Сикрет, но многу ја ценат и на Модните недели каде дизајнерите се натпреваруваат за нејзиниот ангажман. Своевремено беше вклучена во топ 10 модели, а на Инстаграм ја следат 6,6 милиони луѓе!



Оваа 31-годишна девојка моментално е бремена и го очекува своето прво дете со сопругот Хуан Дејвид Бореро, американски претприемач со еквадорско потекло.

А еве кој влезе во топ 10 на оваа ласкава листа:

2. Корејско-американската пејачка Ненси



3. Тајландската пејачка Лиза



4. Руската инфлуенсерка и модел Даша Таран


5. Тајландската пејачка Ситала




6. Филипинската актерка Ивана Алави



7. Израелската моделка Јаел Шелбија


8. Египетската актерка Маи Омар


9. Јужнокорејска пејачка, актерка и модел Нана


10. Тајванската пејачка и модел Џуи



FOTO: Instagram screenshot