Грижата за здравјето е клучна за современата жена, животните тренери го помагаат тој процес: Интервју со Хелена Милески

Хелена Милески, раководител на секторот за животно и приватно здравствено осигурување во СН Осигурителен Боркер АД Битола се најде во интернационалниот магазин „Disruptors“. Овој магазин ја вброи во листата со топ 30 бизнис тренири за 2022 година, како единствена од нашата земја.

Во интервјуто за Женски магазин, Хелена ни открива како успеала да се избори за своето место во големата конкуренција, но посочува и на тоа каква е положбата на жените во македонската бизнис заедница.

* Хелена, неодамна Интернационалниот магазин Disruptors Ве смести на листата топ 30 бизнис тренери за 2022 година, единствена од земјава која се најде на тој престижен избор. Како стасавте во оваа голема конкуренција?

- И за мене селекцијата да влезам во конечната листа од 30 беше неверојатно изненадување. Да, заради моите работни ангажмани и заради тоа што го правам секојдневно на моите социјални медиуми, бев често контактирана и учествував на бројни онлајн вебинари кои беа за глобалниот пазар на тренери, но селекцијата и моето име таму се на моја голема радост, како евидентна потврда за она што јас во континуитет го работам. Знаете, светот препознава вредности многу повеќе од кај нас тука. Често пати тука имав обесхрабрувања од типот, доволен ти е ангажманот како раководител во секторот за животно и приватно здравствено осигурување во „СН Осигурителен Брокер“, слободното време троши го за себеси, што ќе ти е толкава присутност на социјалните медиуми и слично… Но, јас токму охрабрена од компанијата за која работам, чија позиција на пазарот е уште еден важен момент, беа главната причина да им го привлечам вниманието и да се најдам на листата на топ 30 бизнис тренери за 2022 година.

Ова е и мој личен, но и успех на компанијата за која работам и која верува дека она што го правам не е само штиклирање на завршените работни обврски, туку пат кој успехот се гради и во простор кој значи личен напредок и успех на целиот тим со кој работам.

* Раководителка сте на секторот за животно и приватно здравствено осигурување во „СН Осигурителен Брокер“ АД Битола. Како гледате на вашата улога да ги водите поединците, а особено жените кон тоа да направат најдобар избор за приватно здравствено осигурување?

- Здравјето е најважно за секој човек без исклучок, затоа сметам дека тоа водење на поединците да изберат најдобро здравствено осигурување е од клучно значење за секој да може да си обезбеди најдобра здравствена грижа. Како деловна жена од една страна, но и сопруга и мајка од друга, секако добро ги разбирам потребите на современата жена која оптоварена со динамиката на секојдневните обврски во домот и кариерата можеби има и помалку време да обрне внимание на оваа проблематика. Но, затоа пак тука се животните тренери кои нудат асистенција и помагаат секој да може да избере најдобар пакет за осигурување без оглед дали се работи за здравствено, животно или некој друг вид осигурување. Грижата за здравјето е клучна за современата жена, а животните тренери се тука да го помогнат тој процес.

*  Низ тој процес на лидерство како тренер што ѝм советувате на жените, која е предноста од доброволното приватно здравствено осигурување, прашање кое е за нив особено важно во периодот на бременост?

- На секоја жена ѝ советувам да го обезбеди пакетот SN Eurohealth за доброволно приватно здравствено осигурување чија редовна цена изнесува само 515 денари месечно. СН Осигурителен Брокер во рамките на промотивна кампања овозможува и 15 отсто попуст за секоја нова полиса за доброволно приватно здравствено осигурување купена денеска, 10 декември.

Истиот овозможува користење на здравствените услуги во сите приватни здравствени установи, при што се опфатени специјалистички прегледи, основни дијагностички мерења и снимања, лабораториски анализи и испитувања, амбулантски интервенции, амбулантска рехабилитација, комплексни дијагностички постапки, трошоци за лекови, дневна болница и дневна хирургија, дел од операции и дел од стоматолошки интервенции.

Но, она што е најважно за секоја жена е дека пакетот ги покрива и трошоците за породување по природен пат или со царски рез по медицинска индикација, трошоците од болничкото лекување поврзани со услуги од гинеколошка дејност, како и трошоци за болничко лекување при спонтан абортус.

Затоа сметам дека секоја жена треба да го има овој пакет. Особено затоа што чини само 515 денари месечно, а денеска, 10-ти декември, може да се обезбеди со уште подостапна цена за 438 денари месечно.

* Колку искуствата во секторот на осигурувањето Ви помогнаа да се промовирате и во успешен бизнис тренер?

- Искуствата од секторот на осигурувањето многу ми помогнаа во промоцијата во успешен бизнис тренер бидејќи низ секојдневната комуникација со осигурениците можам да согледам што всушност нив најмногу им треба. Многу сме фокусирани на потребите на нашите клиенти бидејќи на тие потреби сакаме да одговориме на најдобар можен начин. Комуникацијата е клучната алатка да стигнеме до најдобрите решенија. Така всушност ги креираме и најдобрите пакети за осигурување, бидејќи тоа се пакети кои се дизајнирани со цел да одговорат на потребите на осигурениците на најдобар можен начин.

*  Вашето образование сте го стекнале и овде, но и во странство, а реномираниот магазин напиша дека сте клучна личност меѓу осигурителните организации во овој регион. Од аспект на осигурувањето каков е развојот на осигурителниот сектор во земјава и во регионот, колкав е потенцијалот од друга страна?

- На запад осигурувањето е стандардна и редовна практика. Таму речиси секој има осигурување. Но, сметам дека тој тренд е во подем и кај нас бидејќи луѓето многу добро ја разбираат вредноста на осигурувањето и сакаат да ги користат придобивките кои различните пакети ги нудат. Она што им е многу важно е секако цената. Затоа, СН Осигурителен брокер овозможува пакети по пристапницени и преку различни промотивни активности овозможува осигурувањето да биде достапно за секого.

* Каков е вашиот стил и кои се главните постулати како докажан бизнис тренер?

- Некои луѓе сонуваат за успех, додека други се будат и работат. Успешните луѓе не постигнуваат успех преку ноќ. Она што повеќето луѓе го гледаат на прв поглед – среќа, богатство, одлична кариера, е резултат на претходна и постојана напорна работа. За да бидете успешни, мора да го користите секој ден како можност да се подобрите, да бидете подобри, да се приближите малку поблиску до своите цели.

* Каква е положбата на жените во македонската бизнис заедница, а кој е главниот проблем со кој се соочуваат жените во бизнисот?

- Трансформациите што се случуваат паралелно со менувањето на општествениот, културолошкиот и економскиот лик на нашето современо живеење, носат и нова статистика и глобална слика во бизнис сферата. Глобалните промени што се случуваат, се рефлектираат и врз бизнис амбиентот на нашето локално и нациопнално ниво, а една од таквите промени е значително зголемениот број на женипретрпиемачи на клучни позиции во домашните компании.

Но, за мене е важно следното: кога зборуваме за претприемништво не постои разлика врз основа на половата припадност. Вашиот пол не го означува Вашиот успех како претприемач. Да се биде добар претприемач значи да се има инцијатива, будно да се следат случувањата во бизнис секторот и да знаат да направат добра комбинација од сопствената интуиција и логиката т.е. бизнис анализата за да превземат одредени чекори во одреден период. Дали личноста има претпримачки способности или не, не зависи ниту пак е ограничено од полот на кој припаѓа таа личност, туку од претварањето на сопствената амбиција во дела.

* Како балансирате меѓу деловниот и приватниот живот?

- Деновиве балансот помеѓу деловниот и приватниот живот навидум станува невозможно да се постигне. Технологијата, несигурноста, количината на работните обврски, условите на пазарот итн. го зголемуваат нивото на стрес, но и должината на работните часови. Истовремено, динамичноста на животот воопшто, очекувањата, желбите, тенденциите, амбициите итн. имаат ист, стресен ефект на нас. Сето тоа може да влијае на меѓусебните односи, здравјето и среќата.

Во секој случај, секој однас е различен како индивидуа, па и балансот е индивидуална категорија. Верувам дека секој треба да го пронајде балансот кој што вам лично ви одговара.

Најпрво да дефинираме што балансот помеѓу деловниот и приватниот живот не е:

Балансот помеѓу деловниот и приватниот живот не значи еднаков баланс. Обидувањето да се распоредат еднаков број часови за секоја од вашите различни деловни и лични активности е обично не благодарно и нереално. Животот би требало да е пофлуиден.

Најдобриот индивидуален баланс помеѓу деловниот и приватниот живот ќе варира низ времето, честопати на дневна основа. Вистинскиот баланс денес, веројатно ќе биде различен утре. Вистинскиот баланс за самец ќе биде различен во однос на личност која е во брак или има деца.

Не постои совршен баланс, што ќе им одговара на сите, кон кој би требало да се стремиме. Најдобриот баланс е различен за секој од нас, бидејќи сите ние имаме различни приоритети и различни животи.

*  Каде ја насочувате енергијата кога не сте фокусирани на работата? Како се релаксирате?

- Повеќето однас имаат претстава за тоа што значи постигнување.

Но, што би можеле да кажеме за уживањето? Дали е тоа само момент на моментално задоволство или среќа? Во животен контекст, уживањето би значело задоволство, среќа, прославување, љубов, добросостојба. Со малку зборови, чувство на живот на радост. И, овие два концепти секогаш одат заедно. Тајната е да пронајдеме и оствариме значајни постигнувања и да ги прославуваме секој ден. Тоа се однесува на сите аспекти од нашиот живот: работа, семејство, пријатели, себеси… А потоа, да ги поттикнеме другите луѓе и да им помогнеме да го направат истото за сопствениот живот.

Ова се едноставни концепти, кои лесно можат да се применат. Еве ги моите:

Заборавете на перфекционизмот

Силните, самостојни, независни и вредни личности често развиваат перфекционистички ставови и навики, кои понатаму знаат да направат хаос од животот, дури и во слободното време. Животот секако не е совршен и ненаправен таков. Перфекционизмот може да стане деструктивен, да ве заглави во статус кво, да ви донесе комплекси, а и да ве донесе до burn out.

Исклучете се

Од целата технологија, работни пораки, обврски, допишувања, одговарања… Бидете недостапни во некој дел од времето. Со тоа што нема да реагирате на сите новини и нотификации, ќе развиете поголема резилиентност, а сотоа и зголемено чувство на контрола врз вашиот живот.

* ПР - објава