Градинарски мебел во летни бои за модерна декорација на терасата

Како што деновите стануваат сѐ потопли и подолги, нашиот фокус природно се префрла од внатрешните простори кон шармот на градините, терасите и балконите. Доаѓањето на летото повторно нѐ кани да ја откриеме убавината на животот на отворено, а клучниот елемент во создавањето на совршениот надворешен простор е мебелот што го избираме. Во салоните на Прима, откријте ја понудата на градинарски мебел со модерен дизајн, изработен од иновативни технополимери, кој може да го трансформира вашиот надворешен простор во оаза за уживање во потоплите месеци.


Елеганција на отворено

Модерниот дизајн и иновативните материјали на технополимерниот градинарски мебел ги задоволуваат потребите на модерниот живот. Овој материјал, благодарение на неговата издржливост и отпорност на временските услови, гарантира дека вашиот мебел ќе остане убав со години. Покрај тоа, спектарот на модерни бои ви овозможува да го персонализирате вашиот простор, одразувајќи го вашиот личен стил.


Комбинација на функционалност и естетика

Доаѓањето на летото значи повеќе време поминато на отворено без разлика дали станува збор за утринско кафе во тишината на вашата градина или вечерни дружби со пријателите на тераса со неколку чаши вино или топка вкусен сладолед.


Екстериери на новото време

Масите и столовите со современ дизајн може лесно да се прилагодат на различни простори и стилови, од минималистички тераси до бујни градини, без разлика дали се работи за вашиот дом, стан или викендица. Нашиот мебел е исто така одличен избор за опремување на угостителски објекти, бидејќи гарантира стилски впечаток, удобност при седењето и високо ниво на издржливост.

Покрај тоа, пристапната цена на овој мебел го прави достапен за широк спектар на клиенти, овозможувајќи им на сите да создадат елегантен и функционален надворешен простор без да се загрозат квалитетот или стилот. Овој мебел не е само практичен избор, туку и стилска изјава која на вашиот надворешен простор му дава карактер и софистицираност.

 Тајната на правилното одржување

Со цел вашиот градинарски мебел да биде во полн сјај, важно е правилно да го одржувате. За чистење, користете неутрален течен детергент разреден во вода. Надворешните столици и маси чистете ги со влажна мека крпа за да избегнете гребнатини и никогаш не чистете со груби сунѓери. Избегнувајте абразивни средства за чистење базирани на хлор или раствори како алкохол, ацетон, амонијак и слично, бидејќи таквите средства ја оштетуваат бојата на полимерните површини.

Градинарски мебел во боите на летото

За да го подготвите вашиот надворешен простор за доаѓањето на летото, размислете за интегрирање на градинарски мебел. Без разлика дали реновирате цел простор или  барате едноставни додатоци за да ја освежите вашата надворешна оаза, овие модерни, иновативни и достапни парчиња мебел можеби се токму она што ви треба.

Посетете го најблискиот салон на Прима за повеќе инспирација и совети како најдобро да ги искористите надворешните простори и да го дочекате летото со стил. Најдете мебел и украси кои ќе внесат свежа енергија во вашиот дом. Инспирација за уредување на вашиот дом можете да најдете на веб-страницата на Прима и на официјалните профили на Прима на Фејсбук и Инстаграм.