Ги спакува куферите и си дозволи луксуз: Милица Тодоровиќ замина на одмор, сите се прашуваат кој ѝ е придружба (ФОТО)

Пејачката на својот Инстаграм профил покажа како ужива...

За пејачите ова лето ќе биде работно, па затоа тие одбираат да одат на одмор пред да почне или кога ќе заврши сезоната. Милица Тодоровиќ реши да се почасти, па ги спакува куферите и се упати во Египет.

Таа на својот Инстаграм профил покажа како и во што ужива, па така може да се види дека веднаш добила коктел, а лобито на хотелот во кој престојува, дефинитивно остава без здив.

Меѓутоа, она што Милица не го откри е тоа со кој заминала на патување. Па така, не е познато дали во Египет е сама, со некое момче или пак можеби со другарките.

фото: Принтскрин / Инстаграм