(ФОТО) Новогодишниот стил на Претседателот Иванов и семејството

Претседателот Ѓорге Иванов на својот официјален Фејсбук профил објави семејна фотографија со која на сите им посака Среќна Нова година.

На сликата во домашна атмосфера, Претседателот и неговиот син Иван избраа класични темни костуми со бели кошули, а Маја Иванова облече тегет фустан со тантела. Првата дама често ја избира оваа боја во разни прилики, од свечени приеми до лежерна, домашна атмосфера како на фотографијата, и одлично и стои.

„ Ви посакуваме многу здравје, радост и среќа. На секој предизвик да одговорите со мудрост и со добрина. Од сè срце ви посакуваме Среќна Нова 2019-та Година! Семејство Иванови“, стои во честитката.