(ФОТО) Најубавата улица во Скопје остана без јапонските цреши

Утрово одекна веста дека јапонските цреши кои се симбол на пролетта на улицата „Максим Горки“ во Скопје се исечени.

Од Општината смируваат дека се работи за отстранување стари и болни дрвја од видот јапонска цреша.

Општина Центар ја известува јавноста дека на местото на отстранетите стари и болни дрва во понеделник ќе засади нови 18 висококвалитетни дрвја од истиот вид, јапонски цреши, кои се примени како донација од вработените во претставништвото на Европската банка.