Душко Весковски: И со мали работи да можеме да го промениме светот околу нас

Сосема искрен во пристапот и комуникацијата. Нема проблем да каже што чини, а што не, без разлика за кого се работи. Сето тоа секогаш поткрепено со аргументи. И не се колеба во изјавите - има чиста мисла и отворен е за соработка во секое време. Генералниот директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје Душко Весковски кој се кандидира за градоначалник на општина Карпош- Скопје во ова интервју специјално дадено за Машки магазин ќе го видиме од малку поинаква страна, неговата приватност, стилот на живеење, стилот на облекување, работата, желбите...

За себе вели дека непосреден, комуникативен, дека сака добро друштво, добар разговор, разменување на идеи, сака да слушне критика, но сака да слушне и за некои позитивни работи кои смета дека ги има. Најблиските, другарите, семејството па и роднините смета дека се репер дали „терате“ во вистинска насока. Нема лутење, ако критиките се издржани треба да се прифатат и треба да се смени нешто кај себе.

ММ. Како се одвива еден работрен ден, земајќи ја во предвид тежината на Вашата работа и скоро 1280 вработени во претпријатието?

- Многу често пред да ми започнат работните обврски практикувам да имам некоја физичка активност како џогинг или прошетка по кејот на Вардар. Станувам од околу 6:40 часот, некогаш и порано, во зависност од обврските што ги имам во текот на денот. Порано одев во теретана, и сега може да се случи, но набиената работна агенда често не дозволува слободно време. Кога сум веќе на работа, најпрвин имам средба со секторските директори, нешто како мини колегиум, за да видиме кои ни се приоритети во текот на денот, на кои работи треба веднаш да се интервенира... Многу е динамична работата, посебно затоа што се работи за водовод и канализација на територија на град Скопје и има многу потреби и од граѓаните и од фирмите. Се обидуваме да излеземе во пресрет буквално на сите. Главна дејност ни е да ја одржуваме таа мрежа... Потоа влегувам во „колосек“ со сите активности предвидени за тој ден и нема одмор се до завршувањето на работниот ден... па и по тоа време.

ММ. Дали е комплицирано да се биде на оваа одговорна функција?

- Претпријатието брои како што рековте, околу 1280 вработени. Потребна е голема организација! Но јас и мојот тим секогаш сме тука за да излеземе во пресрет на сите проблеми и на сите вработени. Функцијата е многу одговорна, но јас сум човек кој секогаш гледа да биде се‘ во најдобар ред и нештата да функционираат во вистинска насока.

ММ. Вашата работа веројатно налага одреден дрес код... како се облекувате за на работа, а како приватно?

- Се зависи од денот- работната агенда. Доколку имам некое гостување, интервју или изјава за медиумите, преферирам да бидам облечен во костум или сако, кошула во бела боја и фармерки (најчесто во темна боја). Внимавам како ќе се претставам и во тој дел, не би било убаво да носам искинати фармерки во таква прилика, на пример.  Ретко носам вратоврска, освен во најбитните денови за државата и официјалните средби со разни претставници од земјава и странство.

Приватно, најчесто сум во маица Поло, фармерки и патики. Ама морам да признаам, најкомотно се чувствувам во спортска комбинација од маичка и тренерки. Целото интервју прочитајте го на Машки магазин.