Дарко Димитров ѝ направи песна: Како изгледа Луна Џогани во првиот спот

По победата во едно српско реално шоу, Луна Џогани одлучи да заплива во музичките води, а автор на аранжманот на нејзината прва песна е македонскиот хитмејкер Дарко Димитров.

Темата е насловена „Девети круг“, а младата надежна ѕвезда на својот профил на „Инстаграм“ го објави првиот тизер каде што можеме да видиме дел од спотот. Нејзините фанови веднаш приметија дека никогаш не изгледала попровокативно. Во продолжение, пресудете сами!