Дали ќе ја препознаете: Денес е популарна пејачка, објави емотивни спомени со родителите (ФОТО)

Таа објави фотографии од најмладите денови, а особено емотивни се сликите со родителите

Пејачката Вики Миљковиќ често ги радува своите следбеници на социјалните мрежи со стари фотографии кои секогаш привлекуваат големо внимание.

Овој пат еден од нејзините фан профили направи компилација од црно-бели фотографии од детството, а Вики веднаш ја сподели на својот официјален Инстаграм профил.


Имено, ова се фотографии од нејзините најмлади денови, а особено емотивни се сликите со нејзините родители.


Вики отсекогаш нагласувала дека потекнува од просечно семејство, а вели дека е најгорда на родителите и братот, кои и биле голема поддршка кога ја започнала нејзината музичка кариера.


фото: Инстаграм