Да да, Нина Бадриќ е! Ја скрати косата, а она што го носи ќе ве изненади

Кога ќе ѝ ги погледнете фотографиите или видеата, имате некакво чувство дека ви е блиска, како пријателка или добра другарка. Ретко која ѕвезда зрачи со таква енергија, па дури и преку фотографии. 

Хрватската музичка дива Нина Бадриќ е секогаш насмеана, срдечна, мила, дружељубива, природна. Нема проблем да каже дека има вишок килограми и дека тоа не ѝ пречи, и дека сите не можеме да бидеме исти. И во сите нејзини изданија е релаксирана, неоптоварена, на сцена извонредна... Повеќето ја обожаваат!

И модно знае да биде на висина на задачата, со ефективни сценски костими.

Ама овојпат, ја гледаме во сосема поразлично издание.

Таа е облечена во невестински прекрасен фустан кој ја истакнува линијата на телото и не е пренападен, туку суптилен и целосно ѝ одговара. Го носеше на доделување на награди. Дали ќе ја видиме пред олтар во ваков фустан? Плус, ја скрати косата и изгледа повторно убаво.

Фото: Инстаграм