Да беше дете на Меган, ќе ја наречеа најлошата мајка на светот: Видеото од Кејт Мидлтон и принцот Луис ја подели јавноста

фото:MEGA / THE MEGA AGENCY / PROFIMEDIA / twitter

На прославата на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, дури и самата кралица останува во сенка на нејзиниот правнук принцот Луис, а неговото последно видео направи вистинска бура на социјалните мрежи.

Четиригодишниот принц Луис, син на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, деновиве е главна ѕвезда на светските медиуми и социјалните мрежи.

Детето, кое вообичаено отсуствува од важните јавни собири, присуствуваше на настаните по повод 70-годишнината од стапувањето на тронот на неговата прабаба кралицата Елизабета Втора и привлече големо внимание. Тој се однесуваше на ист начин како и многу негови врсници: правеше смешни изрази на лицето, беше непослушен, се мрдаше на седиштето, едноставно - му беше досадно, ги покриваше ушите... 


Сепак, најновото видео покажува дека тој не можел да остане мирен ниту со својата мајка Кејт Мидлтон, која обично добро ги држи конците кога е во прашање дисциплината на нејзините деца во јавноста. Ѝ ја покриваше устата со дланката кога таа се обидуваше да му се обрати, ѝ покажуваше јазик, ѝ се кривеше...


Британците не се согласуваат со начинот на кој Луис се однесува со својата мајка - додека дел од корисниците на социјалните мрежи мислат дека малиот принц е типично четиригодишно дете, но има многу кои велат дека момчето не ја почитува неговата мајка и не е добро воспитан.


Многумина се насмеаја поради однесувањето на Луис, а има и такви кои потсетуваат дека за малиот принц се пишува со огромни симпатии, додека тоа не би било случај доколку Арчи, синот на принцот Хари и Меган Маркл, беше подеднакво непослушен.

„Да беше Луис дете на Меган Маркл, ќе ја наречеа најлошата мајка на светот“, „Кејт Мидлтон не е толку совршена мајка“, „Можеби детето повеќе ги почитува дадилките“... се дел од коментарите. Што мислите вие?

извор:GLOSSY