Блогерката Ксенија Деспотоска во бојата на сезоната: „Педесет нијанси на сиво“

Една од најпознатите македонски блогерки секогаш е модна инспирација. Овој пат таа скрои комбинација во сиво од глава до петици.

Неутралните тонови никогаш не се надвор од мода, и искрено, никогаш нема да бидат. 

Длабоко сивата боја дефинитивно ќе биде тренд сезонава.

И покрај многуте нијанси на сиво, оваа, која е мешавина од бојата на бурното небо и цементот, е еден од фаворитите на листата . Не е премногу темна, а ни премногу светла и одговара на речиси секој тон на кожа. 

Исто така, служи како многу добра неутрална боја за комбинирање со кое било парче од вашиот плакар.

А, погледнете како Ксенија ја искомбинира и спои и црна.

View this post on Instagram

A post shared by Ksenija Despotoska (@ksenijadespotoska)