Абортусот ѝ го спасил животот: Популарната пејaчка имала три спонтани, поради еден за малку ќе умрела

Американската пејачка поминала низ болно искуство и животот едвај ѝ бил спасен

Познатата пејачка Халси (27) го роди своето прво дете во јули 2021 година, но за првпат проговори за болните моменти низ кои поминала кога имала само 24 години.

Халси е една од ретките жени чиј живот бил спасен со абортус. Поради комплицираната ситуација кога останала во друга состојба, поминала низ многу болки, па решила да раскаже за својот став за абортусот.

- Можноста за абортус ми го спаси животот и му овозможи на син ми да си го добие својот. Секој човек го заслужува правото да избере кога, дали и како да го доживее ова опасно искуство што го менува животот. Со едната рака ќе го држам син ми, а со другата со сите сили ќе се борам за правата – додаде таа.



Пред да го роди синот, поминала низ три спонтани абортуси, од кои еден можел да ја предизвика и нејзината смрт.

- Ми се чинеше сурова иронија што лесно можам повторно да забременам, но се борев да ја одржам бременоста. Еден од моите спонтани абортуси бараше „последна грижа“, што е нежен начин да ми кажеш дека ќе морам да абортирам бидејќи моето тело не може целосно да ја прекине бременоста. Да не абортирав, ќе ризикував да добијам сепса – напишала таа.

Таа вели дека плачела во текот на целата процедура бидејќи „очајно сакале да ја прекинат бременоста“ која и се заканувала по животот.

- Бев исплашена и беспомошна. Бев подготвена за најлошото. Дадов детални упатства во врска со донирањето на моите органи доколку умрам. Но, за среќа преживеав и добив нова шанса да живеам и да имам прекрасен син – открива пејачката.


фото: Инстаграм