7 есенски комбинации со долго здолниште: Стилови кои секоја жена може да ги носи

На стилот му даваат посебен печат, а лесно се комбинираат со јакни, капути, чизми, но и патики.

Женственоста, освен долгата коса, отсекогаш се рефлектирала и во различни форми на здолништа, а овие денови најпопуларни се долгите. Есенската мода е многу инспиративна, бидејќи овозможува комбинирање на летни и зимски парчиња.


*Плисирано здолниште

Деновиве женственоста особено ја истакнуваат плисираните здолништа во најразлични бои, но и оние украсени со мали лајт мотиви. Покрај тоа, одлично одат и со патики. 

Летно здолниште во есенско издание

Дури и лесно, потенко летно здолниште може совршено да се комбинира, доколку носите долги чорапи. Со него совршено се комбинираат есенските чизми и „пуф“ јакна.

Здолниште на преклоп - еднобојно

Маслинесто, плисирано здолниште со преклоп е и необично и едноставно парче облека. Одлично ќе оди со чизми.

Ситни шари-дезени

Лелеаво здолниште, со нееднаква должина и со мали-ситни дезени, одлично се вклопува со еднобојни чизми и романтична бела кошула со предимензионирани ракави.

Металик плисирано здолниште

Популарната метална текстура одлично се комбинира со други материјали и е секогаш ефикасна.

Плишано здолниште

Еднобојно здолниште со плишана текстура е одличен избор кога сакате да бидете елегантни, но во исто време да внесете шмек на спортска комбинација.

Лелеави и шарени

Плисирано здолниште со дезен во повеќе бои овозможува поголем избор на комбинации. Обликот на тесниот крој е инспириран од женствените ретро стилови, а кожените чизми се идеални со оваа комбинација.


Фото: pinterest

Фустани кои никогаш нема да излезат од мода: Секоја жена со стил мора да ги има овие 3 модели во својот плакар