Знаете ли што е убавина? Хелен Мирен ќе ви каже додека на оваа фотка изгледа како кралица на Вселената

Легендарната актерка Хелен Мирен (76) е на насловната страница на специјалното издание на списанието „People's 2022 Beautiful“ посветено на убавината. Моќната фотографија е придружена со уште помоќни изјави на оваа оскаровка.

„Бев целосно запрепастена, како што велиме ние Англичаните. Никогаш не се сметав себеси за убава. Па уште и на мои години?! Бев воодушевена“, открила Хелен Мирен како реагирала на повикот на американскиот магазин, пренесува „Тудеј“.

Таа рече дека не треба да биде погрешно разбрана бидејќи сака убавина и убави работи, но не и индустријата за убавина бидејќи повеќето луѓе, според тие стандарди, не се убави.

„Имаме уште нешто, моќно како убавината и би сакала да го прославиме. Се работи за храброст, што значи: сигурна сум во себе, уживам во светот околу мене, се претставувам пред светот“, рекла Хелен Мирен.


Актерката смета дека најважна е ароганцијата со покритие, а потоа самодовербата и желбата за слобода. Затоа, бидете храбри и затоа убави!

Извор: Жена блиц

Фото: Инстаграм