Жени ја нападнаа бидејќи на сопругот му подготвува три оброци дневно: „Срам си за женскиот род, па не си му мајка“

Сонали Арора (26) на TikTok откри дека секој ден му подготвува три оброци на својот сопруг и дека ручекот за работа го пакува според неговите желби. И штом оваа приказна беше објавена, жените почнаа да ја критикуваат дека се однесува како „домаќинка од педесеттите“.

Целта на Сонали Арора од Мелбурн била да ги промовира своите рецепти, па немала поим дека жените ќе и напишат такви коментари: „срамота си за женскиот пол“, „го уништуваш феминизмот и женското ослободување“, „најголемиот кошмар е да се гордееш со ова“, „Не сакам да му глумам мајка на мојот сопруг“.

Сонали, за која пишуваше и „Дејли мејл“, работи во ИТ индустријата, а со оглед на тоа што работата ја работи од дома, полесно е да го комбинира готвењето со други обврски. Таа спомна дека таа и нејзиниот сопруг ги делат домашните работи.

View this post on Instagram

A post shared by @skap_xx



„Тоа не се луѓе кои ми бараат рецепти, туку го напаѓаат мојот сопруг кој не го ни познаваат, го нарекуваат двегодишно момче, го обвинуваат за мизогинија и ми велат дека сум ретардирана како од педесеттите. Мораш да ја браниш саканата личност, особено кога нешто не е вистина. Мојот сопруг е најслаткиот, најподдржувачкиот човек и тој е најмалку мизогина личност на планетава. Ако готвам, тој ги мие садовите. Исто така, неговата работа е чистење на бањата и чистење со правосмукалка“, рече Сонали, за која подготовката на храна за нејзиниот сопруг е покажување љубов и нема намера да престане со таа навика.

View this post on Instagram

A post shared by @skap_xx



„Сè уште ќе ги објавувам снимките! Тоа всушност им помага на луѓето и им дава идеи за тоа што можат да подготват бидејќи понекогаш е навистина тешко да се размислува за тоа“, вели Сонали, која исто така е многу активна на Инстаграм.


фото: инстаграм