Заспав со крема за самопотемнување, а кога се разбудив ми се плачеше: Изгледав страшно

Повеќето ќе се согласат дека потемниот тен изгледа многу убаво.

Меѓутоа, во желбата да го имаат преку целата година, некои девојки одат во солариуми и користат креми за само потемување, а многу од нив добиваат неочекуван резултат.

Кортни Роуз, девојка која споделува совети за убавина на социјалната мрежа TikTok, сподели видео на кое се гледа нејзиното лице по една преспиена ноќ со крем за самопотемнување.

Резултатот бил далеку од очекуваниот, нејзиното лице изгледа шарено, полно со вештачки пеги и нималку природно.

- Решив да нанесам крема за самопотемнување и така да ја поминам ноќта. Но, она што го добив беше вистински хорор – рече таа.


- Личам на моето дете кога јаде премногу чоколадо. Ми доаѓа да плачам – тажно коментирала Кортни. 

Како е можно ова?

Кремите за самопотемнување дејствуваат различно на различни типови на кожа. Понекогаш се случува некој да има изглед налик на мустаќи и пеги. Сето ова многу зависи од дебелината на кожата. Потенката кожа полесно впива.

Иако Кортни се разбудила со шарено лице, сепак не е невозможно да се отстранат ефектите од самопотемнувањето. Па, доколку ви се случи нешто слично, добро е да знаете дека штетата можете да ја поправите со нежна ексфолијација и нанесување крем.


Фото и Видео: ТикТок