Запознајте ја ќерката на Путин: Докторката со продорен поглед

Во јавноста се шпекулира и дека Алина Кабаева, поранешна руска гимнастичарка, наводно била во љубовна врска со Претседателот и дека имаат близнаци. Но, она што се знае со сигурност зас неа е дека не беше видена никаде од 2018 година. 
Сепак  сега противниците на Владимир Путин и руската инвазија покренаа петиција со која бараат Швајцарија да ја протера Алина Кабаева, која наводно се криела со децата во луксузна швајцарска вила.

Рускиот претседател Владимир Путин никогаш не ги кажал имињата на своите деца во јавноста и скоро никогаш не коментирал за неговиот личен живот. За време на едно интервју, Путин рече дека не сака неговите деца да растат пред камера и дека сака тие да растат како нормални луѓе. Сепак, има информации и за неговите деца.

Познато е дека Путин има две ќерки, Катерина и Марија, од бракот со Људмила Путин, од која се разведе во 2013 година. 

Марија Воронцова е постара ќерка на Путин, родена 1985 година во Ленинград, сега Санкт Петербург. Таа е специјализирана за детска ендокринологија и е мажена за холандскиот претприемач Јорит Фаасен со кого има семејство.

Марија неодамна даде интервју за здравствената установа Номеко за една руска телевизија. Номеко е најголемиот проект за приватни инвестиции насочен кон истражување на современи методи за третман на рак. Во едно интервју, таа рече дека е косопственик на институцијата, според News.com.au, вреден 913 милиони долари.

Катерина Тихоновна е втора ќерка на Путин, има 33 години и вежба акробатски танц и работи на Московскиот универзитет. Таа се омажи за рускиот милијардер Кирил Шамалов во 2013 година, но тие се разведоа во 2018 година. 

Во јавноста се шпекулира и дека Алина Кабаева, поранешна руска гимнастичарка, наводно била во љубовна врска со Претседателот и дека имаат близнаци. Она што се знае со сигурност зас неа е дека не е видена никаде  од 2018 година...

Инаку, токму Марија се смета дека е таа која прва ја прими руската вакцина против коронавирусот. Еве што тогаш Путин изјави:

„Една од моите ќерки прими ваква вакцина. Во таа смисла, таа учествуваше во експериментот. „По првата вакцинација, таа имаше температура од 38, следниот ден малку над 37 и тоа е тоа“.