Жал ми е што постојат луѓе кои се срамат што се од село: Пејачката Зорана Павиќ си ја отвори душата

фото:PRINTSCREEN PINK/NOVO JUTRO

Пејачката Зорана Павиќ си ја отвори душата и се присети на тешките моменти кои ги трпела поради разделбата од родителите, поради што, како што вели, се уште тешко поднесува разделба.

„Мојот дедо почина на 100 години, помина низ разни војни, и ги закопа своите три сина. Така што не е голема среќа да се живее до сто години... Сега живееме во тешко време каде што емоциите и емпатијата се изгубени, порано некако се беше поинаку.
Се сеќавам кога моите родители доаѓаа на гости кај баба ми и дедо ми за викенди да ме посетат и си заминуваа после два дена, не можам да ја опишам таа тага. Многу ми е тешко да поднесувам разделби и денес и мислам дека тоа го носам од моето детство“, истакна пејачката, а потоа испрати важна порака.

„Кој се срами од своето потекло е безнадежна личност! Секогаш треба да си ги цените корените, ова „фенси време“ е чудно време. Има луѓе што се од село и се срамат од тоа, жал ми е за тие луѓе“, вели таа.

- Баба ми Љубица беше голем човек, и кога и да зборувам за неа тагувам бидејќи одамна ја нема. Моите родители живееја во Белград и работеа таму, а јас се преселив кај нив дури кога тргнав на училиште, детството го поминав со баба ми и дедо ми на фармата во село. Тоа детство е нешто посебно, многу сум им благодарна за љубовта што ми ја дадоа“, раскажа Зорана.

извор:stil.kurir

(ФОТО) Дамите секојдневно бараат совети за слабеење од неа: Пејачката откри како ја довела линијата до совршенство