За стилот со Јасминка Трајковска: Сама по себе сум автентична

Во морето од совршени девојки кои „паѓаат во око“ веднаш штом влезете на социјалните мрежи, таа успеа да го привлече нашето внимание со интересни модни комбинации и автентичен моден стил.

Јасминка Трајковска од Скопје е дипломиран психолог, а со мода како што вели се занимава цел живот.

Привлекува внимание преку Инстаграм, посебно со стилот кој го има, а со кој често инспирира.

*Дефиниција за стил?

- Стилот за мене е начин на живот

*А, Вие стилски се дефинирате како...

-Стилски се дефинирам како урбана модерна современа жена која сака секогаш да изгледа средено и модерно.


*Што е пресудно за добар стил?

-За добар стил е пресудно да знаеш од нешто едноставно да направиш современа комбинација а тоа се гради и учи цел живот едноставно или го имаш или го немаш духот и стилот.

*Комбинирате елегантно со спортско или сте камелеон во облекувањето?

-Елегантно и спортско секогаш.


*Минимализам, хедонизам, авангарда?

-Авангарда, отсекогаш сум таква  да не звучи ова клише, но отсекогаш сум се разликувала, едноставно тоа сум Јас, храбра во тоа што го носам.

*Гламур или класика?

-Класика со доза на Гламур понекогаш.


*Омилени нешта од вашата облека?

-Блејзер оверсајзд е моето најомилено парче, костуми, здолништа, очила, чизми ми се пасија.

*Дали практикувате брендирана облека или не ви е пресудна етикетата?

- Етикетата не ми е пресудна баш никогаш, носам ефтини и модерни парчиња, како за мојот буџет што можам да дозволам трендовско.


* Што сакате да постигнете со вашиот стил?

- Со стилот едноставно се претставувам Која сум и праќам порака за она што значи убаво, модерно и дотерано без вулгарност.


* Дали ако сте автентична, тоа значи и осудување од нашава средина?

Во мојот случај не, затоа што Јас сама по себе сум автентична така ме доживуваат луѓето, секогаш наидувам на убави коментари и прашања за тоа како да се комбинира, добро прифатена од околината иако понекогаш сум различна.

* На кој дизајнер би му дозволила да ти го преуреди гардероберот?

Ивана Кнез и Елена Лука дефинитивно.


* Што облекувате денски, а што навечер?

Мене Стилот на облекување ми е сличен и денски и навечер освен за некоја пригода нормално свеченост или настан, каде има кодекс на облекување, станувам и одма во глава знам што да облечам еве признвам без оверсизед блејзер не излегувам, пасија ми се.

* Дали експериметирате со косата и шминката?

Не, обично знам кој фризура ми одговара, за мојата косата имам посебно задолжено студио, а шминка сама. Не излегуваме без црвен кармин, тоа ми е заштитен знак.


* Ваши трикови за брз, но ефектен изглед .

Брз и ефектен изглед, секогаш средена коса, добра шминка, оверсајзд блејзер, добра фармерка, мини здолниште, оверсајзд костуми, и кај мене преовладува црната и сивата боја, кои секогаш ми даваат елегантен и урбан стил.




Ирена. С