За четири месеци работа на хрватската ривиера, Македонците заработуваат четири пати повеќе отколку овде: Готвач 3.000 евра месечно, келнер 1200, собарка 1.000

Голема е побарувачката на работници, особено од Македонија, за сезонска работа на хрватската ривиера. Дефицитарна работна сила најчесто се менаџери, готвачи, пица - мајстори, келнери - претежно од угостителскиот сектор. 

Ставре Дурацовски кој во Задар работи од 2018 година посочува дека платите зависат од искуството на кандидатот.

„Главен готвач зема повеќе од 3.000 евра месечно. Цената за добар готвач се движи од 1.800 до 2.000 евра. За помошник во кујна од 1.200 до 1.300 евра. Добар келнер заработува до 1.200, Ф&Б менаџер околу 2.000 евра, а собарките до 1.000 евра. Обезбедени се сместување и храна. За жал, ситуацијата во Македонија, нискиот стандард и непочитувањето на персоналот, ме натера да го спакувам куферот и да си заминам. 

Целата сторија читајте ја на Фактор, тука.