Водителката Елена конечно го покажа сопругот: Убав како турски глумец (ФОТО)

Водителката  на утринската емисија на Сител Телевизија „Ја сакам Македонија“, Елена Стојановска Јанковска ретко објавува заеднички фотографии со својот сопруги ќерка.

Водителката  на Инстаграм објави заедничка фотографија со сопругот Огнен и ќерката Илина.

Во интервју за Женски магазин Елена раскажа како и поминува едно секојдневие. Почнувајќи од утринските обврски во Сител Телевизија, па се до крајот на денот.

„Делот од денот во кој јас многу уживам е дружењето со мојата ќерка. Попладнињата ги поминуваме заедно, сега веќе гледаме и заедно серии кои одговараат на нејзина возраст, заедно читаме книги, јас со моја а таа со нејзина тематика, учиме, пешачиме и така без да почувствувам деновите како да летаат. Мојот сопруг завршува подоцна со работа, но најчесто во вечерните часови пешачиме или гледаме филм. Со оглед на тоа дека рано станувам, не можам да се пофалам дека сум ноќна птица и најчесто прва заспивам, па така сум рекордер во недогледување на започнати филмови“, раскажа Елена.

Фото: Инстаграм

Маж ми е убав како турски глумец: Водителката Елена го покажа сопругот