Утринско кафе со Станков Антонио: Освен испиената шолја кафе дополнителна енергија ми даваат луѓето кои ме опкружуваат
Со прво утринско кафе, иако сѐ уште за себе велам дека не сум зависник од кофеин,
утрото секогаш го започнувам со шот еспресо. Веднаш потоа се префрлам на
дневните обврски што следуваат..
За
мене првото утринско кафе претставува момент кога си сам со себе и се
припремаш психички за претстојниот ден, а бенефит и промена позитивна во
расположение и енергија чуствувам кога денот покрај со кафе го започнувам со
добар тренинг или кардио.
Шолја
еспресо или лажичка црно кафе со топла вода, едноставно за кафето да има вистински
вкус и мирис - е кафе по мој вкус.
Освен испиената шолја кафе дополнителна енергија ми даваат луѓето кои ме опкружуваат. Сметам дека е многу важно за нас во нашето секојдневие да имаме луѓе кои ја дополнуваат нашата енергија, отколку
тоа да бидат личности кои го црпаат и последниот атом енергија од нас.
Мотивацијата
најчесто ја наоѓам во успешни луѓе, кога гледам како некој се труди и
постигнува резултати врз основа на сопствениот труд и напорна работа. Тоа можат
да бидат моите пријатели, другари, соработници, колеги, опкружувањето.
“Фотографија”
..
Сите обврски и активности во текот на еден ден се поврзани со фотографија, најчесто сум на сет во студио или локација, правам постпродукција на фотографии пред лаптоп или времето го поминувам во Collarette, концепт студиото за ирис фотографија кое наскоро ќе слави 1година.
За
жал како и сите останати и кај мене постои завист од социјални медиуми па
вечерта доколку не сум излезен со моите пријатели ја поминувам на телефон, конзумирајќи
непотребни информации.
Иако се помалку време посветувам за да прочитаме некоја книга, се трудам да читам кога можам. Најчесто
тоа се биографии, стручна литература или мотивациски книги.
Благодарност
што најблиските луѓе ми се здрави и живи-е мисла со која се будам и го завршувам денот.
*Станков Антонио - Фотограф