Гаф кој долго ќе се памети: Меган Маркл сакаше да ѝ искаже поддршка на Украина - па погрешно го наслика знамето! (ФОТО)

Нејзиниот гаф предизвика лавина реакции на социјалните мрежи

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл стана предмет на потсмев по нејзиниот неодамнешен гаф.

За време на престојот во Холандија, таа присуствуваше на приватен настан во британската амбасада во Хаг.

Опкружена со деца, Маркл реши да го наслика знамето на Украина над кое напишала „мир“.

Сепак, голем број нејзини следбеници веднаш забележаа еден проблем со нејзиното уметничко дело - знамето било насликано наопаку.



Фото: Твитер

Фото насловна: Youtube - screenshoot