УЧЕНИЦИТЕ НЕ СЕ ВРАЌААТ НА НАСТАВА, ЌЕ ГО НАДОПОЛНАТ ЛИ ИЗГУБЕНОТО? За 12 проценти покачување, направена е 100 процентна штета

Владата и СОНК договорија покачување на платите од 12 отсто на вработените во образованието и во градинките, но сепак штрајкот продолжи. Учениците се уште не следат настава. Училишните клупи ќе останат празни во следните неколку дена, додека градинките од среда почнаа со работа.

Сепак, учениците и некои од професорите во средните училишта сметаат дека губењето настава пред речиси самиот крај на училишната година е непоправлива штета во образовниот процес.

СОНК ги сумираше заклучоците од Советот на СОНК кој разговараше за договорите со Владата а еве што кажа првиот човек на Синдикатот:

„Нашето членство се изјаснуваше по однос на договореното и ги сумиравме резултатите. Од вкупно 480 синдикални организации,  388 беа за продолжување на штрајкот, а 83 за прекинување на штрајкот. Најголем дел од овие се од синдикатот за детска заштита, додека за продолжување на штрајкот се изјаснија синдикалните организации од основното и средното образование. СОНК со оглед на сумираните резултати, одлучи штрајкот во основното и средното образование да продолжи и во утрешниот ден се до исполнување на нашите барања. Во градинките штрајкот ќе се стави во мирување, градинките редовно ќе работата во интерес на родителите, децата и на стопанството кое трпи, и ќе ги отворат вратите и ќе работат со нормален интензинет“, рече Неделков.

Советот на СОНК одлучи да организира голем масовен протест во среда 4 мај 2022 пред Владата.

СОНК  жали за пропуштената настава, и бара разбирање и поддршка од сите засегнати страни. 


Детали читајте на Фактор тука.