Наш предлог: Топ книги кои мора да ги прочитате

Велат, „книгата е најдобриот пријател на човекот“,  „книгата ги отвора сите прозорци кон светот“, „преку книгата може да создадете свој свет“. . . 

Деновиве (домашна изолација, домашен карантин поради коронавирусот) се идеални за читање книга.

Книги кои ќе ви помогнат, ќе ве развеселат, ќе ве научат нешто ново, нема да ви дозволат да ги оставите додека не ги прочитате до крај.

Ова се наши неколку предлози, бестселери за 2019, од книжарницата Литература.мк:


* BECOMING Мојата приказна од Мишел Обама (бестселер N:1 во Њујорк)


Кратко резиме за книгата: Сè уште има многу нешта што не ги знам за Америка, за животот, за сето она што иднината би можела да го донесе. Но, се познавам себеси. Татко ми Фрејзер ме научи напорно да работам, често да се смеам и да си стојам на зборот. Мајка ми Мириан ми покажа како да размислувам со своја глава и како да го користам ставот што го имам. Тие двајцата заедно, во нашиот збиен стан во чикашкиот Саут Сајд, ми помогнаа да ја согледам вредноста што ја има во нашата приказна, во мојата приказна, во пошироката приказна на нашата земја. Дури и кога таа приказна не е ниту убава ниту совршена. Дури и кога таа приказна е пореална отколку што сакате да биде. Вашата приказна е нешто што го имате, нешто што ќе го имате засекогаш. Таа е нешто што го поседувате.


* Паника од Деса Мук


Кратко резиме за книгата: Медицинската сестра Вера се наближува кон четириесеттата година од животот и почнува да ја фаќа паника дека најубавото во животот веќе ѝ поминало.
Нејзиниот маж е досаден, ќерка ѝ не ја слуша, работата ѝ е сведена на рутина... нема возбудувања на видик. Згора на сè, еден гатач ѝ открива дека постои маж кој размислува за неа, но не се осудува да ѝ пријде.
Вера почнува да верува дека само љубовта е излез од неподносливата ситуација и одлучува да скршне од патеката на брачниот живот. Но, на патот на сопственото будење, таа мора да совлада и некои компликации...


* Засекогаш од Сара Десен

Кратко резиме за книгата: Луна знае многу за венчавките – но малку за љубовта.
Откако минала многу лета работејќи за мајка ѝ, која се занимава со организирање венчавки, Луна видела секаков тип венчавки: од неформални, на плажа, до елегантни, во огромни историски куќи. Се соочила со разни кризни ситуации: невести кои избегале, деверици кои сакале да бидат во центарот на вниманието, младоженци кои сакале сè да биде по нивно. И го видела исходот од секоја совршена венчавка.
Можеби затоа Луна е толку цинична кога се работи за среќни краеви, особено поради тоа што нејзината идилична прва љубовна приказна завршува трагично. Па, кога згодниот, весел женкар Амброз ќе се појави во нејзиниот живот, Луна нема да го сфати сериозно. Тој е сигурен дека може да се промени. Луна се обложува дека не може. Но, Амброз мрази да не го добива она што го сака, а Луна е девојката која ја чекал целиот живот.


* Приказни, Басни и Бајки за деца


Кратко резиме за книгите: На вашите деца можете да им читате приказни, басни, бајки. Приказни кои ни ги раскажуваа нашите баби и дедовци, со кои ние пораснавме. Приказни од кои ќе научат да почитуваат постари, да бидат умни, праведни и справедливи. Можете и заедно да читате.


Наш предлог за убаво поминато време дома: Топ 5 фамилијарни филмови