Убав како грев, згоден како Аполон: Турскиот актер Џан на црвениот тепих во Венеција ги остави дамите со подзината уста

Турскиот актер Џан Јаман е гостин на 79. Филмски фестивал во Венеција. Доволно е да се каже неговото име, за да настанат асоцијации... за убавиот изглед и не помалку добриот стил.

Џан Јаман, познат и како Турчскиот Џејсон Момоа, се појави во Венеција во друштво на италијанската актерка Франческа Килеми, која како и тој воодушеви со својот стил.



Сепак, да бидаме искрени, кога станува збор за актерот, неговиот изглед беше подоминантен од самата облека.


Со оглед на неговата привлечност, тешко е да се најде гардероба која би го засенила. Но, Џан можеше да биде и покреативен во изборот на стајлинг.



Тој секако не направи модна грешка, туку само го запечати угледот на еден од најатрактивните мажи на светската јавна сцена, со што би се согласиле многу жени во ширум регионот.


Мажи во Венеција

За одличниот стил во Мостра беше заслужен пејачот Хари Стајлс, кој успешно ги пробива границите на машкиот стил.



По него во Венеција пристигна и неговата партнерка, актерката Оливија Вајлд.

View this post on Instagram

A post shared by  (@oliviawilde_holivia)



А друштвото на папараците баш и беше воодушевено од Колин Фарел, кој беше облечен во спортско-елегантен стил.


фото: Инстаграм