Три убедливо најдобри фризури за тенка коса: Време е за шишање, како да ѝ го вратите обликот и сјајот на вашата коса

Јасно правило е дека колку е пократка фризурата, толку побујна делува косата, што е вистински спас за жените со тенка и ретка коса

Косата често изгледа безживотно, но со правилна фризура може да биде многу бујна и полна со волумен како да е штотуку исфенирана.

Шампоните за волумен и четкањето во спротивна насока можат привремено да го ублажат проблемот, но ништо не го освежува изгледот како фризура што природно ќе го зголеми волуменот на вашата коса.

За тенка коса, мора да имате добра идеја за фризура доколку не сакате да имате секојдневна посветеност и грижа за седење со часови во фризерскиот салон.

Еве ги нашите предлози за кратки фризури кои ќе ѝ го вратат волуменот, формата и сјајот на вашата коса:

„Paper-cut“ боб

View this post on Instagram

A post shared by (@nicolasfloreshair)


Рамен боб кој нема навестување за слоевито шишање. Оваа фризура не само што секогаш изгледа шик, туку може да биде и одличен избор доколку сакате промена од долга коса или од техниката на омбре бојадисување. Затоа што штом ќе се потстрижете, вашата коса ќе изгледа поздрава и посјајна.

Исто така, ако имате тенка коса, тоа ќе создаде ефект на оптичка илузија и ќе ѝ даде на косата визуелно поголем волумен, што ќе направи да изгледа погусто.

„Лоб“ фризура

View this post on Instagram

A post shared by  (@nicolasfloreshair)


Ако сепак ви се допаѓа вашата коса малку подолга и не се осмелувате да ја скратите, идеален ќе биде подолг боб или боб до рамениците наречени „лоб“.

Фризурата лоб е лесна за стилизирање, а изгледа стилски и кога е исправена и кога е брановидна. Секако дека Французинките ја обожаваат.

Исто така, со оваа должина на коса, пожелна е асиметрија - едната страна подолга, а другата пократка. Вака потстрижена тенка коса ќе изгледа побујно, а вашата фризура секогаш ќе биде полна со волумен.

Слоевита долга коса

View this post on Instagram

A post shared by (@nicolasfloreshair)


Долгата тенка коса може да има волумен само ако ја потстрижите во „одреден“ стил. Со ваква фризура косата ќе добие многу повеќе слоеви од вообичаено, поради што ќе изгледа побујно, а со тоа и помалку ќе се масни.

Оваа фризура е исто така лесна за одржување, а не бара постојано фенирање и стилизирање.

Извор: elle.rs