TOTO ПРИСТИГНАА ВО СКОПЈЕ: Бараат перфектен звук, ќе наздрават со виски и пиво

Во ВИП Арената „Борис Трајковски“ вечерва првпат во Македонија ќе свири еден од најценетите бендови во музичката историја, американскиот состав ТОТО. „Кралевите на живата свирка“ како што критиката ги нарекува во Скопје пристигнаа со својот тим рано утринава од Софија, со 4 шлепери и 3 комбиња опрема. Во моментов бендот се одмара во хотел пред тонската проба. Доколку им остане слободно време сакаат да прошетаат во главниот град.

Од „Авалон продукција“ нагласуваат дека членовите се доста скромни во барањата.

- Ни побараа многу вода и освежителни пијалоци и чаеви, а ќе пијат пиво и виски. За ТОТО најважна е продукцијата и бараат перфектен звук. Фактот дека доаѓаат со многу опрема во Скопје ја потврдува нивната големина. Тие се сериозен бенд кој 40 години е на светската рокенрол сцена и убедени сме дека вечерашниот концерт ќе биде одличен, вистинско уживање за сите генерации – порачуваат од „Авалон продукција“.

За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов