Тито, Јованка, Че Гевара, Фидел Кастро: Еве кој сѐ беше дел Струмичкиот маскенбал годинава

Струмица деновиве живее во духот на Карневалот. Вековната традиција продолжи и годинава. Симболично пред два дена градоначалникот Коста Костадинов им го предаде клучот од градот на карневалистите и со тоа започна карневалската неколку дневна манифестација.

Наредниот ден Карневалот продолжи со неверојатниот концерт под маски на ОМУ „Боро Џони“. А вчеравечер во градот под Царевите кули се одржа Струмичкиот маскенбал 2023 на кој се избираат принцот и принцезата. 

Младите Наско Костуранов и Катерина Јовановска ја добија честа вечерва, заедно со кралот да ја предводат царската свита, на интернационална карневалска поворка низ улиците на Струмица. 


Вчеравечер на маскенбалот се појави и Тито со Јованка, односно Градоначалникот на Струмица Коста Костадинов и неговата партнерка пристигнаа маскирани во Маршалот и неговата доживотна партнерка, рамо до рамо со него беа и неговите пријатели маскирани во Че Гевара, Фидел Кастро и Гадафи. Но имаше и многу други маски кои дел од нив ќе продефилираат и вечерва на главната карневалска вечер и ќе се борат за награда.


Фото и Видео: Фејсбук - Костадин Костадинов

Р.Ж.М