Таткото на Макрон со години молчеше, а сега конечно кажа што навистина мисли за Брижит: Една реченица запали пожар

 Додека францускиот претседател Емануел Макрон со години е во центарот на вниманието на јавноста, најмногу поради неговите политички активности, а делумно и поради приватниот живот, неговиот татко Жан-Мишел Макрон се држеше подалеку од очите на јавноста и не сакаше да го коментира животот на својот син. Сепак, сега реши да ја прекине тишината.

Во колумна за „Л'Алзас“, која беше објавена само неколку дена пред вториот круг од претседателските избори во Франција, во која гласачите ќе избираат меѓу Емануел Макрон и Марин Ле Пен, Жан-Мишел Макрон ги коментираше гласините што кружат за разликата во годините на неговиот син и Брижит Макрон.

Угледениот невролог истакна дека е лага дека тој и неговата поранешна сопруга го принудиле нивниот син да го напушти родниот град Амиен, за да ја спречат неговата врска со Брижит (родителите на Емануел Макрон се разведоа во 2010 година).

„Ова се приказни за деца. Од самиот почеток беше договорено Емануел последната година од школувањето да ја помине во Париз, во училиштето Lycée Henri-IV,  за да може лесно да се запише на факултет. Таа новинарка која напиша невистини навистина ме изнервира“, вели тој во колумната, мислејќи на новинарката Ен Фулди, авторка на книга за актуелниот претседател на Франција, пренесува „Т портал“.

Жан Мишел Макрон коментираше за едено од најголемите озборувања по бракот на неговиот син и снаа и призна дека само неговата сопруга имала проблем да го прифати изборот на нејзиниот син.

„Кога си маж и имаш 17 години, од тебе се очекува да правиш што сакаш“, рекол тогаш тој, додавајќи дека од самиот почеток на врската на неговиот син со Брижит, бил свесен до каде оди приказната.

„Можеби беше прерано, но кој сум јас да судам. Со текот на времето се покажа дека вредеше“, нагласи тој.

Брижит Макрон беше причина за лошите односи меѓу Емануел Макрон и неговата мајка. Францускиот претседател наводно одбивал да се јави и да се види некое време, а потоа работите се подобриле. Мајката на Макрон денеска тврди дека е многу блиска со снаата и синот, како и дека нејзиниот однос со Брижит е исклучително пријателски.

Брижит и Емануел Макрон се венчаа во 2007 година. Коментирајќи ја нивната врска, многумина ја посочија разликата во годините меѓу нив како „спорен“ факт. На многумина многу им пречеше фактот што првата дама на Франција е 24 години постара од нејзиниот сопруг. Времето покажа дека ваквите коментари се чиста предрасуда.

Извор: Жена блиц
Фото: Профимедиа