Стил на неделата: Моника Белучи со години ја носи само оваа боја и овој модел на панталони

Фото: Profimedia

Моника Белучи во последните неколку години ретко се појавува во јавноста, но папараците успеаја да ја фатат неодамна додека уживаше во шопинг низ улиците на Милано. И покрај тоа што познатата актерка носеше маска, јасно е дека и понатаму блеска и изгледа неверојатно.

Италијанката која со години важеше за најубава жена на светот, покажа дека е верна на класичниот, едноставен стил и дека во нејзината гардероба нема место за експерименти.

Фото: Profimedia

Моника отиде на шопинг во квалитетен, црн мантил со ремен околу половината и црни фармерки со широки ногавици, а ова е моделот на панталони што го преферира со години.

Тоа не не чуди, бидејќи е добро познато дека овој модел визуелно ја издолжува фигурата, а Белучи секогаш го носи со многу високи потпетици, што му дава дополнителна висина.

Фото: Profimedia

Славната актерка го заокружи изданието со сандали на платформа и голема, црна, кожена чанта. Инаку, интересно е што со години носи само црни парчиња, а на прстите од една рака се бројат приликите кога носела друга нијанса. Тешко е да се погреши со црната, секогаш стои добро и дефинитивно ја намалува главоболката при комбинирање и мешање со други бои.

Италијанката уште еднаш покажа дека е достоинствено стара, и дека сексапилот и харизмата не бледнеат со годините, туку само добиваат поинаква форма... Исто така, Моника е вистински пример дека за ефективен изглед не е потребно да бидете облечени по најнова мода и класичниот и минималистичкиот стил имаат свој шарм.


Извор: zena.blic.rs