Стил на неделaта: Јелена Розга има моден погодок со само 200 денари за ова ефектно парче

Јелена Розга е една од најдобро облечените дами на нашите простори, а нејзиниот елегантен, женствен стил е секогаш за пофалба.

Пејачката ужива да ги следи трендовите, но од друга страна е верна и на класиката и на едноставните парчиња. Па ни се чини дека овој пат таа успеа да го најде вистинскиот баланс меѓу овие два модни тренда, како што и доликува на вистинска дама со стил.

Прославената Хрватка е наша модна инспирација во ефективен, краток црн фустан кој ја следи линијата на телото, а го краси предимензионирана панделка во пределот на градите. Изгледот го надополнија лакираните, црни салонки со ремени и вртоглаво високи потпетици, но и еден посебен моден детаљ.


Имено, нежната русокоса избра впечатливи хулахопки со точки со различна големина, бидејќи знае дека ваквите хулакопки со дезен се најлесниот начин на едноставната комбинација да ѝ дадете посебен печат. Јелена го покажа тоа на дело, а најголемата предност е што ова парче е релативно евтино - може да ги купите за околу 200 денари.

Целиот аутфит 44-годишната го заокружи со сребрени обетки, но и со елегантна фризура, а нејзиното издание собра бројни комплименти на социјалните мрежи.


Извор: www.espreso.co.rs

Јелена Розга постигна моден погодок со само 200 денари за ова ефектно парче