Стил на неделата: Ангела Георгиев е тренди трудница во модерно парче со цветен дезен

Македонската модна блогерка Ангела Георгиев наскоро ќе се оствари во најубавата животна улога-мајка.

Ангела која е во 25-тата недела, не потфрли со својот супер стил ни во бременоста, па затоа ја имаме како модна инспирација за сите трудници.


Модерно парче составено од два дела, блуза и тесно долго здолниште со цветен дезен, меѓу кои ѕирка нејзиното трудничко стомаче. 

Малечката чанта во кралско сина боја и високите беж чизми на висока потпетица го заокружуваат овој нејзин изглед за десетка.

И Софија Мило ја видовме во сличен стајлинг, по примерот на

бремента поп ѕвезда Ријана.