Стил на денот: За дочекот на Новата година заблескајте како Лепа Брена

фото:instagram printscreen

Часови нѐ делат од најлудата ноќ во годината - дочекот на Новата 2022 година.

Доколку сѐ уште не знаете што ќе носите вечерва, ние сме овде да ве инспирираме.
Комбинацијата на Лепа Брена е совршена за оваа посебна ноќ. Светките повторно се вратија на голема модна врата, а во комбинација со мрежести хулахопки, Брена одлично го вклопила фустанот. Кожната јакна дополнително го „зачинува“ изгледот. 
И секако, додадете светки и на очите, вечерва сѐ е дозволено.