Стил на денот: Водителката Анастасија Деа демонстрира како се носи троделен бел костим

Водителката и поранешна уредничка на утринската програма на ТВ Алфа, Анастасија Деа е активна на социјалните мрежи и најчесто објавува интересни и корисни совети за мали дечиња, особено откако ги доби нејзините две деца Дениција и Раде. Но неретко и своите модни комбинации ги споделува со јавноста, па токму затоа таа е наша денешна модна инспирација. 

Анастасија на модна ревија во Скопје се појави во фантастичен, нежен и елегантен троделен костим кој го носи како вистинска дама со стил.

Целиот изглед водителката го заокружила со долга плетенка. 

View this post on Instagram

A post shared by Anastasija Dea (@anastasiia_dea)


Одличен моден избор, погоден за вечерни излегувања, за настани, но и за бизнис состаноци.


Фото: Инстаграм - Анастасија Деа