Стил на денот: Сузана Манчиќ празнично инспирира со стилот

Клучот е во едноставноста!

Водителката Сузана Манчиќ е наша инспирација за супер модерен и ефективен празничен стајлинг.

Деновиве, без разлика дали чекате гости или одите на гости, сите сакаме да изгледаме дотерано, а за тоа ви е потребно малку труд и вистинските парчиња облека, и запомнете, клучот е во едноставноста.

Црна ролка и панталони или долг, црн ролка фустан се две одлични опции со кои нема да погрешите, додадете малку накит и готови сте.

Сузана одбрала црн ролка фустан со суптилни набори, а на една од фотките, венчето на глава дополнително го зачинува стајлингот.

 фотографии:Инстаграм профил на Сузана Манчиќ