Стил на денот: Шерон Стоун совршено добро знае како да носи бели патики - инспирација за дами во седмата деценија

Убавата 64-годишна актерка Шерон Стоун е голем љубител на младешки комбинации на облека, кои ги носи фантастично, а таков аутфит избра и по повод вечерно излегување.

Таа облече бел фустан со средна должина и со шлиц, бидејќи фустанот нема ракави, Шерон носи плетен бел џемпер преку него. Стајлингот го подигна со комплет накит - големо сребрено ланче украсено со големи крстови и големи кружни обетки, а од модните додатоци избра и сребрена чанта со златно синџирче.

Впечатливи беа и патиките кои Шерон Стоун ги носеше со белиот фустан, а се работи за моделот Портофино од модната куќа Долче и Габана, чие лице е Шерон. Портофино е рибарско село и позната туристичка дестинација на италијанскиот брег, а токму во овој живописен град Доменико Долче и Стефано Габана наоѓаат многу инспирација за нивниот дизајн.

фото:Profimedia

извор:zadovoljnja.dnevnik.hr