Стил на денот: Северина во спортска летна комбинација за чиста 10-ка

Северина несомнено е на врвот на листата на најдобро облечени пејачки во регионов, а тоа го докажуваат и нејзините фотографии на Инстаграм со кои редовно ги воодушевува обожавателите со својот беспрекорен изглед.

Овој пат има тотален моден погодок со изборот на облека за концертот на Ролинг Стоунс во Мадрид. Пејачката изгледаше одлично во спортска летна комбинација на кратки панталони, кратко топче и патики.

Оваа комбинација за чиста 10-ка беше надополнета со тренди капче, чанта и очила за сонце.