Стил на денот: Омилените високи потпетици на Северина кои чинат 990 евра

Северина несомнено е на врвот на листата на најдобро облечени пејачки во регионов, а тоа го докажуваат и нејзините фотографии на Инстаграм со кои редовно ги воодушевува обожавателите со својот беспрекорен изглед.

Овој пат таа позираше во несекојдневна комбинација на спортска јакна и фустан со светки, а стајлингот го зачини со крзнените бушави чевли што ги купи минатата година.

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)


Северина очигледно ги обожава чудните високи потпетици од брендот „Марни“ кои чинат 990 евра, иако нејзините фанови се со поделелено мислење околу нив.

Потпетиците привлекоа внимание и на крајот на минатата година кога Севе ги искомбинира со црн фустан и темни хулакопки. 


Извор: www.index.hr