Стил на денот: Модна инспирација за сите трудници, Деа со супер трикови за совршен изглед

Познатата водителка Анастасија Деа, важи за една од најдобро облечените познати личности во нашата држава. Иако сега е во поодмината бременост, со второто дете, ретки се ситуациите каде што може да ја видиме лошо стилизирана.

Сега, освен што ги покажува своите модни комбинации, Анастасија отиде еден чекор понатаму. Имено, на својот Инстаграм профил сподели неколку трикови за тоа како да изгледате поубаво во бременоста, но и како да заштедите и безпотребно да „не фрлате пари на облека“.

- „Ова се две правила кои сакам да ги споделам со вас а се наменети за избор на облека додека сте бремени за истата да ви служи и откако ќе се роди бебето:

1. Широки женствени фустани со пресек под градите, за да има каде да расте мешето додека сте бремени. А потоа ќе биде супер камуфлажа откако ќе се породите, се додека не ги симнете вишокот килограми од бременоста.

2.Копчиња или патенти. Особено важни за периодот откако ќе се роди бебето. Многу едноставно, многу практично и за вас и за бебето. Јас на пример,два фустани кои немаа отвор, ги однесов на шнајдер и замолив да им стават или копчиња или патент. Еден од нив е вториот фустан на видеото.“ - напиша водителката на својот Инстаграм профил, каде што често споделува фотки од своите модни комбинации.

View this post on Instagram

A post shared by Anastasija Dea (@anastasiia_dea)


фото: Принтскрин / Инстаграм