Стил на денот: Кралицата Летиција во фустан од свекрва ѝ демонстирира како се носи црвено од глава до пети

Фото: Profimedia

Кралицата Летиција од Шпанија и нејзиниот сопруг кралот Фелипе Шести организираа средба со претседателот на Костарика Карлос Алварадо Кесад и првата дама Клаудија Доблес Камарго во Кралската палата во Мадрид.

Фото: Profimedia

За оваа пригода и свечениот ручек, шпанската кралица избра црвена комбинација од глава до пети во чест на претседателот на Костарика.

Летиција го извади овој впечатлив фустан од плакарот на нејзината свекрва, кралицата Софија.

Фото: Profimedia

Креацијата со „пуф“ ракави и плисиран долен дел од лелеавиот фустан на кралицата ѝ стои совршено, а стајлингот е заокружен со кожени салонки исто така во црвена боја, со потпис на брендот „Magrit“.

Фото: Profimedia


Извор: stil.kurir.rs