Стил на денот: Чизмите на микроштикла на Јелена Розга, ги поделија дамите

Или им се восхитувате или ги презирате - чизмите на Јелена Розга го поделија Инстаграмот, а виновна е микроштиклата.

Јелена Розга секогаш пријатно изненадува со својот изглед, а познато е дека е активна на Инстаграм каде објавува различни фотографии.

Пејачката Јелена Розга, покрај прекрасниот глас, маѓепсува и со својот стил. Таа е синоним за софистицираност и елеганција и секогаш има впечатливи парчиња облека.

Јелена не крие дека квалитетните обувки и се страст и дека не жали за парите кога е тоа во прашање. Таа со своите фотографии редовно им задава модни задачи на трендсетерки, а овој пат главна тема се нејзините чизми.

 Розга позираше во опуштено вечерно издание, облечена во тесни фармерки, бела блуза и предимензионирана јакна.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)


Чизмите на пејачката се во центарот на вниманието токму поради нивниот специфичен изглед. Веќе две години постои голема фама за овој модел, некому му се допаѓаат, некому не, но нема сомнеж дека Јелена Розга успеа да ги претстави на вистински начин.

Станува збор за црни лакирани чизми до колена, изработени од крокодилска кожа, со минијатурна потпетица. Чизмите се од брендот Totême и чинат дури 940 долари! Она што е спорно е потпетицата од два до пет сантиметри, која многумина ја сметаат за грда и непрактична.

Мислењата за овој стајлинг се поделени, токму затоа што некои сметаат дека толку малата потпетица го расипува изгледот и ја скратува фигурата, но и покрај негативните коментари, Јелена Розга е доследна на својот стил и секогаш ни покажува како можеме да бидеме модерни, предизвикувачки и елегантни во исто време.

извор:GLOSSY